full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Поширок поглед кон новата сезона на Top Gear!

Новата сезона на Top Gear започнува за неколку дена, а ова промотивно видео ни дава проширен поглед кон нејзината содржина.

По „стерилната“ претходна сезона во која главен водител беше нехаризматичниот очаен Крис Еванс, се чини дека Top Gear со елиминирањето на некои од водителите полека се враќа кон вистинскиот пат. Токму таков впечаток остава најновото видео, кое прикажува забавни тестирања на новите Bugatti Chiron, Ferrari FXX K, Lamborghini Huracan, Porsche 911 Turbo, Ford GT, Aston Martin DB11 Alfa, Romeo Giulia Quadrifoglio, BMW M3, како и малите VW Up!, Renault Twingo и Smart ForTwo. Секако, тука е и одличната продукција заедно со прекрасните локации. Премиерата на првата епизода ќе се емитува на 5-ти Март.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.