full screen background image
Search

Volkswagen Arteon ќе го наследи моделот CC

Германскиот бренд ќе го претстави поголемиот брат на Passat, кој ќе биде наречен Arteon на автомобилскиот саем во Женева.

Станува збор за седан со средна големина и спуштен кров, ценовно поставен во близина на (и најверојатно малку над) Passat. Кабината стандардно ќе располага со четири седишта, додека петото ќе биде достапно како опција. Volkswagen ја примени оваа стратегија порано кај Passat CC – нивниот претходен обид за модел со средна големина со поемотивен дизајн.

Во однос на изгледот, серискиот модел ќе остане прилично верен на Sport Coupe Concept GTE концептот откриен пред две години на истиот саем во Швајцарија. Покрај привлечниот екстериер, Volkswagen ветува „архитектура на ентериерот која ќе биде извонредно просторна, со зголемен простор за главата и нозете на сите седишта“.

Производителот нема откриено многу детали во моментов, но најавува дека Arteon ќе биде опремен со системи за асистирање на возачот кои вообичаено очекуваме да ги најдеме само во луксузните автомобили од високата класа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.