full screen background image
Search

Lumma Design го претвори Bentley Bentayga од луксузен во агресивен SUV

Сакате SUV од Bentley но мислите дека Bentayga не изгледа доволно агресивно? Lumma Design го има вистинското решение за вас!

Германскиот тјунер претстави серија додатоци за луксузниот Британски кросовер, кои вклучуваат широк бодикит за да му дадат на моделот дополнителна доза на визуелна агресивност. Бодикитот е наречен CLR B900 и е наменет за бензинските W12 и дизелските V8 модели, а е дизајниран во истиот дух како бодикитот создаден за BMW X6.

За да ги исполни “напумпаните” странични додатоци на крилата, Lumma нуди сет од 24-инчни CLR-RS алуминиумски тркала, но исто така може да ве снабди со “поразумни” 22 или 23-инчни фелни.

Пакетот го заокружуваат карбонскиот поклопец на моторот со дополнителни отвори за вентилација, како и карбонски завршетоци на издувните цевки, заден лип и кровен спојлер, заедно со бројни додатоци за ентериерот.

Понатаму компанијата ќе претстави надградби на моторот, но естетските компоненти ќе бидат достапни од подоцна годинава, по дебитирањето на автомобилот на автомобилскиот саем во Женева наредниот месец.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.