full screen background image
Search

Lumma подготвува тјунинг пакет за новиот BMW X6, најавуваат 590 коњски сили!

Тјунерите од Lumma Design го најавуваат својот тјунинг пакет за новиот BMW X6 – Lumma CLR X 6 R ќе има екстремен бодикит, 590 коњски сили и 850 Nm вртежен момент!

Ако BMW X6 не ви е веќе доволно вулгарен, или имате повеќе пари од вкус, тјунерите од Lumma Design најавуваат екстремен тјунинг пакет за големиот квази-теренец. За преобразбата од X6 vo CLR X 6 R се користат нов преден и заден браник, странични прагови, нов поклопец на моторот, проширувања на крилата и нови 22-инчни фелни. Многу од компонентите се врвно изработени со користење на карбонски влакна.

Покрај екстериерот, внимание ќе добие и ентериерот каде се забележливи контрастните опшивки на седиштата и контрастни детали.

Сепак, покрај визуелните измени, Lumma ќе понуди и доработка на моторот. Големиот 4.4-литарски турбо V8 бензинец ќе добие засилување од 450 коњски сили и 650 Nm вртежен момент на 590 коњски сили и 850 Nm вртежен момент – тоа се 140 коњски сили и 200 Nm повеќе! Поработено е и на блокаторот на максимална брзина, па големото BMW ќе може да постигне 295, наместо фабричките 250 километри на час.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.