full screen background image
Search

JE Design претстави широк бодикит и тјунинг пакет за Seat Leon Cupra

Тјунерите од JE Design подготвија широк бодикит за Seat Leon Cupra кој го прави автомобилот да изгледа како да е тукушто излезен од тркачките патеки!

Пакетот кој чини 6.188 евра има задача на автомобилот да му даде агресивен изглед. За тоа се задолжени предниот браник, проширените крила страничните прагови. Во пакетот е вклучен и модифициран заден браник со спортски дифузер. Доколку купувачот тоа го побара, може да бидат додадени и спортска суспензија од KW, дополнителни LED трепкачи, колата може да биде обвиена во двобојна фолија и да бидат монтирани 19-инчни фелни во Dunlop Sport Maxx GT гуми.

Она што навистина нè израдува е фактот дека луѓето од JE Design поработеле и на моторот – 2-литарскиот 4-цилиндричен турбо-бензинец сега испорачува 350 коњски сили и 440 Nm вртежен момент – зголемување од 70 коњски сили и 60 Nm! Благодарение на ова „дискретно“ зајакнување, сега автомобилот може да забрза до 100 километри на час за 5.4 секунди и да постигне електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.