Официјално: Opel ја претстави новата Corsa! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Opel ја претстави новата Corsa!

По неколкуте најави и официјални објави, Opel конечно ја претстави новата Corsa, која повторно ќе се нуди во две каросериски изведби и ќе има освежени мотори!

Новата Corsa присвојува неколку дизајнерски елементи од помалиот Adam, особено во предниот дел. Изведбите со три и пет врати (како и досега) ќе изгледаат различно, односно изведбата за три врати ќе биде наменета за оние кои сакаат малку поспортски изглед, додека онаа со пет врати за оние кои сакаат малку повеќе практичност и полесен приод до задните седишта.

2015-opel-corsa-beach

Платформата на која е поставена новата Corsa е истата платформа која и досега се користеше, па затоа и нема значителни промени во димензиите – сега Corsa е само 3 милиметри подолга, па во внатрешноста ќе се нуди скоро идентичниот простор. Патниците на располагање ќе имаат 285 литри багажен простор. Сепак, иако платформата е иста, Opel целосно ја има ревидирано суспензијата и воведе нов електричен серво-уред кој е чувствителен на брзина и има опција за екстра-лесно маневрирање при ниски брзини во градски услови. Ќе се нудат две опции за поставеноста на шасијата – Comfort или Sport.

2015-opel-corsa-interior

Од друга страна, измените во внатрешноста се повеќе од забележливи. Новиот ентериер изгледа свежо, модерно и софистицирано, и како и надворешноста, и во внатрешноста се забележува инспирацијата која е влечена од Opel Adam. Ќе се нуди Opel-овиот одличен Intellilink мултимедијален систем кој ќе се контролира преку 7-инчен екран чувствителен на допир, а ќе може да се контролира и преку паметен телефон.

Купувачите ќе можат да порачаат и загревани предни седишта, како и загреван управувач и ветробранско стакло. Ќе може да се добие и амбиентално осветлување како и панорамски кров. Ќе се нудат и многу безбедносни системи, би-ксенонски светла и камера за паркирање.

Поврзано:   Златно Тркало 2024: Победници се Porsche Panamera, Audi Q8, Volkswagen ID.7, Opel Corsa и Mazda CX-60!

2015-opel-corsa-rear

Најважниот новитет е воведувањето на 1-литарскиот 3-цилиндерски ECOTEC Direct Injection Turbo бензинец со 90 коњски сили или 115 коњски сили. Обете верзии имаат максимален вртежен момент од 170 Nm при 1800 вртежи. Opel ветува дека овој мотор ќе нуди исклучително ниска потрошувачка за бензински мотор. Ќе се нудат и веќе познатите бензинци – 1.2-литарскиот атмосферец со 69 коњски сили 1.4-литарскиот атмосферец со 89 коњски сили, како и 1.4-литарскиот турбо-бензинец со 99 коњски сили. Единствениот дизел кој за почеток ќе се нуди е 1.3-литарскиот CDTI со 74 или 94 коњски сили. Ќе се нудат мануелен или автоматски менувач, обата со 6 брзини.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.