Групацијата Volkswagen e број 1 производител во светски рамки – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Групацијата Volkswagen e број 1 производител во светски рамки

Со појавувањето на трговските бариери во САД, Тојота ја загуби првата позиција во глобалната продажба, а лидерската позиција со рекордни испораки ја презема Групацијата Volkswagen.

Тојота ја загуби титулата најпродаван производител на автомобили во светот, а првото место го презема Групацијата Volkswagen. Со тоа се стави крај на четири годишното владеење на оваа јапонска компанија, како што побарувачката за нејзиниот предводник Camry седан драстично се намали во САД, така и продажбата во Кина го загуби чекорот во однос на севкупниот пазар.

Глобалната продажба на Toyota, во 2016 година однос на 2015 година се зголеми за 0,2% односно беа испорачани вкупно 10,2 милиони возила во 2016 година, потврди јапонскиот производител на автомобили во понеделникот. Покрај растот, сепак Тојота не успеа да го задржи првото место, Групацијата Volkswagen забележа поголем раст од 3.8% и со 10,3 милиони продадени возила постави нов рекорд и ја презема водечката позиција во светски рамки.

Минатата година продажбата на Тоyota заостана зад Volkswagen главно поради променливата динамика на најголемите странски пазари (САД и Кина) кај двата автомобилски производители. Јапонската компанија забележа големо забавување во САД, групацијата Volkswagen тоа го искористи со раст на продажбата во Кина и со помош на одлуката за намалување на даноците ја поттикна побарувачката за своите возила на тој пазар.

Веднаш по инаугурацијата новиот американски претседател Доналд Трамп го повлече трговскиот договор за партнерство „Транс-Пацифик“, со што го оствари предизборното ветување, и повторно го преиспита Северно американскиот договор за слободна трговија, вклучувајќи го Мексико. Веднаш потоа се состана со производителите на автомобили за да ги убеди да го задржат производството во САД.

Поврзано:   Македонска премиера на целосно-електричниот Volkswagen ID.7!

“Трамп е поголем ризик за Тоyota отколку за Volkswagen, бидејќи германскиот производител на автомобили има мала изложеност на пазарот на САД”, изјави Кен Мијао, аналитичар од Токио -кој го истражува автомобилскиот пазар. “Тојота направи инвестиција за изградба на нова фабрика во Мексико и ќе има ограничени можности со новата администрација на Трамп.

Топ позиции

Во 2008 година, Toyota стави крај на 77 годишното владеење на General Motors на автомобилскиот пазар во светот, држејќи се на врвот со продажбата до 2011 година, кога ја загуби титулата при прекин на производството поради природните катастрофи кои ги зафатија Јапонија и Тајланд. По тој прекин, компанијата го поврати водството во 2012 година и се задржа на врвот и во текот на 2015 година.

За Volkswagen, преземањето на лидерската позиција во светски рамки ја одбележа кулминацијата на агресивното моделско проширување кое го започна поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн пред 10 години. Покрај зголемената побарувачка во Кина, групацијата Volkswagen продолжи да инвестира во нови модерни производствени капацитети и со тоа постојано го зголемува производството на своите брендови Volkswagen,Skoda, Audi, SEAT, Volkswagen – Комерцијални возила и Porsche.

ИЗВОР: PR Volkswagen



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.