full screen background image
Search

Следниот Z модел на Nissan ќе биде прикажан како концепт во Токио

Nissan ќе го претстави наследникот на моделот 370Z од 2009 година на овогодишниот автoмобилски саем во Токио во Октомври.

Во производство веќе 8 години, на моделот 370Z веќе му доаѓа времето за замена со помодерен наследник – а сега се појавија неколку информации околу тоа што би можеле да очекуваме кога серискиот модел ќе биде лансиран во 2019.

Што се однесува до предниот дел, новиот Z Concept ќе усвои поостар дизајнерски јазик и ќе влече инспирација од освежениот GT-R, вклучувајќи и преземање на широката предна решетка. Пропорциите на автомобилот ќе останат слични на 370Z, но различната линија на поклопецот на моторот, кровот и багажникот ќе го направат новиот модел веднаш препознатлив.

Се зборува дека новиот модел ќе добие три различни погонски единици. Основниот ќе биде 3.0-литарски V6 агрегат кој испорачува 300 кс и 400 Nm вртежен момент, додека вториот ќе биде истиот 3.0-литарски твин-турбо V6 агрегат од Infinity Q60 Red Sport кој произведува 400 кс при 6,400 вртежи и 480 Nm од 1,600 вртежи во минута. И двата агрегати ќе бидат понудени само со седум-степена трансмисија со двојна спојка.

Третиот агрегат ќе биде најверојатно хибридна варијанта која ќе го комбинира основниот V6 со електричен мотор за да ја подигне силата кон бројката од 500 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.