full screen background image
Search

Toyota Supra Concept ќе дебитира во Октомври

Сè поверојатно е дека наскоро пристигнува нова генерација од легендарната Toyota Supra – која најверојатно ќе дебитира во концептно издание на Октомврискиот автомобилски саем во Токио.

Новата Supra ќе биде дизајнерски инспирирана од импресивниот FT-1 Concept претставен во 2014, па очекуваме да биде мускулест двосед со многу похрабар дизајн од GT86.

Бидејќи новата Supra се развива во соработка со BMW, деталите за погонските единици се чуваат во тајност. Сепак, се шпекулира дека ќе бидат понудени три различни агрегати, почнувајќи со 2.0-литарски четири-цилиндарски со 255 кс, како и 2.0-литарски V6 мотор со турбополнач и 340 кс. Понатаму се очекува и 2.5-литарски хибрид да се приклучи во гамата.

Што се однесува до близнакот со BMW ознака – новиот Z5 ќе биде претставен на автомобилскиот саем во Франкфурт во Септември и ќе ги користи сегашните четири и шест-цилиндарски мотори на брендот. Исто така ќе користи најразни карбонски компоненти претставени во i3 и i8.

Покрај новата Supra, Toyota ќе дебитира и два други нови концепти во Токио. Првиот, наречен S-FR II ќе биде еволуција на концептот од 2015 и ќе претставува мини верзија на GT86. Другиот ќе биде спортска GTI верзија од Corolla, која се очекува да добие 2.0-литарски турбо-бензински агрегат со 250 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.