Mercedes-AMG E63 S Wagon – Мега-караван со 612 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG E63 S Wagon – Мега-караван со 612 коњски сили!

AMG-дивизијата на Mercedes-Benz не си игра играчки – тукушто го претставија најновиот E63 S Wagon – и големиот караван забрзува „до стотка“ за само 3.5 секунди!

Денес Mercedes-AMG претстави не еден, туку два мега-каравани. Едниот е „обичниот“ E63, додека вториот е помоќниот Е63 S. Исто како и седанот, и караванот под поклопецот го носи 4-литарскиот твин-турбо V8 на AMG кој во E63 испорачува 571 коњска сила и 750 Nm, односно 612 коњски сили и 850 Nm кај E63 S.

Соодветно на тоа, перформансите се застрашувачки – особено ако земеме во предвид дека се работи за голем, практичен караван. E63 Wagon забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди, а E63 S за само 3.5 секунди. Обата автомобили се електронски ограничени на 250 километри на час (односно на 290 километри на час за купувачите во Северна Америка), но сигурни сме дека без тоа ограничување големиот караван на AMG лесно би можел да надмине 300 километри на час.

Обете верзии го добиваат 4MATIC+ варијабилниот погон на сите четири тркала, а E63 S добива и специјален Drift режим кој ја пренесува силата исклучиво на задните тркала. Дел од стандардната опрема е 9-брзинскиот Speedshift MCT автоматски менувач, како и новиот три-коморен систем за воздушна суспензија со континуирано варијабилно дампирање.

Кабината го добива истиот AMG третман како и седанот – а тоа значи спортски предни седишта, управувач со зарамнето дно, детали од карбон и два големи 12.3-инчни дигитални инстурмент панели. Премиерата ќе се случи во Женева а продажбата ќе започне набргу по официјалното претставување.

Поврзано:   Новите Vito Tourer и V-Class пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.