full screen background image
Search

Новиот Audi Q5 претставен и во Македонија!

Втората генерација на успешниот SUV од Инголштад тукушто ја имаше својата македонска премиера!

Новиот Audi Q5 ги нуди технолошките иновации од својот голем брат – Q7 – во покомпактно (но сепак далеку од мало) издание. Популарниот SUV на Audi најде многу купувачи како кај нас, така и во светот, па инженерите на Audi решија да ја продолжат успешната приказна на моделот.

Новиот Q5 на нашиот пазар ќе се нуди со три погонски единици, во три нивоа на опрема. Нивоата на опрема ги носат ознаките Basic, Sport и Design, а засебно може да се нарача и S-Line пакетот кој вклучува поспортски дизајнирани браници, странични прагови, пониска суспензија и поголеми алуминиумски фелни. Во однос на моторите, на располагање стои еден бензинец и два турбодизели. Доколку сакате бензинец, тука е одличниот 2-литарски TFSI кој испорачува 252 коњски сили, и кој во основна варијанта чини 49.989 евра.

Доколку сакате турбодизел, можете да изберете меѓу 2-литарскиот TDI со 190 коњски сили кој чини од 56.671 евра, или 3-литарскиот TDI кој испорачува моќни 258 коњски сили и кој чини од 62.972 евра. Сите изведби на Q5 се нудат со S-TRONIC автоматски менувач со двојна спојка, како и најновата генерација на Quattro погонот на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.