Новиот Peugeot 3008 награден на International Automobile Festival – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot 3008 награден на International Automobile Festival

Новиот SUV на францускиот производител ја освои Grand Prix наградата за најдобар ентериер на 32-риот Меѓународен Фестивал на Автомобили.

Наградата ја подигна Gilles Vidal, одговорниот за стајлинг во Peugeot, за време на церемонијата која се одржа на 31ви Јануари во престижниот Hôtel des Invalides во Париз.

Со Grand Prix признанието за најдобар ентериер, новиот Peugeot 3008 има освоено вкупно 17 награди и признанија, а од неговото лансирање во Октомври минатата година, повеќе од 60.000 купувачи уживаат во неговиот ентериер. Новиот Peugeot i-Cockpit доаѓа со компактен управувач, 12-инчен head-up дисплеј, голем мултимедијален уред и интуитивни пијано-прекинувачи кои овозможуваат лесен пристап до главните функционалности.

„Дизајнот на ентериерот на новиот Peugeot 3008 SUV погодува идеална рамнотежа меѓу технологијата која ја нудат дигиталните дисплеи, и природниот даб и материјалите. Кабината може да биде прилагодена да одговори на потребите на возачот со прилагодливи графички прикази“ – изјави Gilles Vidal.

Секоја година International Automobile Festival ги наградува најпривлечните автомобилски дизајни. Жирито е предводено од архитектот Jean-Michel Wilmotte, а во него членуваат експерти од светот на авотмобилизмот, модата, културата и дизајнот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.