KIA ги објави деталите за европскиот Stinger GT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA ги објави деталите за европскиот Stinger GT

Новиот седан со заден погон на KIA наскоро ќе пристигне во Европа, а јужнокорејскиот производител ги објави деталите околу моторите на новиот знаменосец.

Новиот знаменосец на KIA доаѓа во форма на интересниот и привлечен седан кој го носи името Stinger GT, и за кој веќе пишувавме за време на неговата премиера на Саемот на Автомобили во Детроит.

Сега, KIA ги објави сите детали околу моторите кои ќе се вградуваат во европската верзија на Stinger GT. Понудата започнува со 2.2-литарски турбодизел со 200 коњски сили и 440 Nm вртежен момент. Опремен со овој мотор, Stinger GT ќе забрзува до 100 километри на час за 8.5 секунди, а максималната брзина ќе биде 225 километри на час.

Доколку преферирате бензински мотор, Stinger GT ќе може да се добие со 2-литарски турбо-бензинец или 3.3-литарски V6. Помалиот, 2-литарски мотор благодарение на турбо-полначот ќе има на располагање 255 коњски сили и 353 Nm вртежен момент, додека 3.3-литарскиот V6 ќе испорачува 370 коњски сили и 510 Nm вртежен момент. KIA уште нема објавено детали за перформансите со 4-цилиндерскиот мотор, но знаеме дека Stinger GT опремен со големиот V6 ќе забрзува „до стотка“ за 5.1 секунда и ќе постигнува 270 километри на час.

Купувачите ќе можат да го нарачаат Stinger GT со погон на задните или на сите четири тркала, а сите автомобили ќе бидат опремени со новиот 8-брзински автоматски менувач на KIA. Продажбата во Европа би требало да започне во последната четвртина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.