full screen background image
Search

Dacia ги освежи Dokker и Lodgy

По минатогодинешното освежување на Logan и Sandero, романскиот производител ги освежи и практичните Dokker и Lodgy.

Обата автомобили доаѓаат со низа освежување како на екстериерот, така и ентериерот. Ќе препознаете освежена маска на ладилникот, редизајнирана задна врата на Lodgy, нови 16-инчни тркала, а во ентериерот се понудени нов управувач, редизајнирани отвори за вентилација и нови материјали.

Купувачите ќе можат да нарачаат и паркинг камера, која ќе пренесува видео при паркирање на централниот мултимедијален уред. Понудата на мотори останува иста – ќе се нудат SCe 100 и TCe 115 бензинците, како и dCi 90 турбодизелот. Дополнително, Dokker добива 110-коњски турбодизел, а Lodgy 75-коњски турбодизел.

Првите фејслифтирани примероци на новите Dokker и Lodgy ќе пристигнат кај дилерите во Април.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.