full screen background image
Search

Новиот Hyundai Tucson Fuel Cell ќе има 30% поголема автономија

Втората генерација на Tucson со горивна ќелија ќе има 30 проценти подобра автономија од сегашниот автомобил – а тоа значи дека супер-модерниот SUV ќе може да поминем до 560 километри на водород!

Сегашниот Tucson Fuel Cell (односно ix35 со горивна ќелија) наскоро ќе биде заменет со понов модел, кој ќе има 30% подобра автономија. Сегашниот автомобил може да помине до 426 километри, а новиот со неговата 30% поголема автономија би требало да може да помине до 560 километри.

Новиот модел би требало да биде лансиран една година од сега, и ако работите останат неизменети, Hyundai ќе го има автомобилот со горивна ќелија кој има најголема автономија. Според одговорниот за развој на еколошки возила во Hyundai – Ahn Buyng-ki, лансирањето на новиот Tucson Fuel Cell ќе биде темпирано да се случи во исто време со стартот на Зимските Олимписки Игри во 2о18, чиј домаќин е токму Јужна Кореја.

Сега за сега се шпекулира за точната насока која Hyundai ќе ја одбере за новиот автомобил. Во игра се две опции – едната е да го базира новиот Tucson Fuel Cell на тековниот Tuscson а втората е да лансира целосно нов автомобил. Со оглед на тоа дека Hyundai веќе настапува храбро со новиот IONIQ, воопшто не би биле изненадени ако јужнокорејскиот гигант одлучи да го направи токму тоа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.