full screen background image
Search

КОНЦЕПТ: Chrysler Portal – хај-тек електричен миниван!

Американскиот Chrysler подготви изненадување за овогодинешниот CES, и тоа во форма на хај-тек футуристичкиот Portal миниван!

Електричниот миниван на Chrysler е радикално отстапување од она што сме навикнати да го гледаме од американскиот бренд. Portal концептот има две, големи огромни врати преку кои се влегува во футуристичкиот ентериер, а вреди да се истакнат и интересните LED предни светла кои се обвиени околу „лажна“ маска на ладилникот. Во ентериерот, седиштата се поставени на шини, па може лесно се отстранат или целосно да се преклопат. Целата конзола е LCD дисплеј, а на централниот дел е поставен LCD дисплеј кој е чувствителен на допир.

Концептот може автономно да вози на автопат, а најавени се и технологии како што се препознавање на лица и глас, и други биометриски додатоци.

Под каросеријата се крие батериски модул од 100 kWh поставен во подот, а автономијата изнесува преку 250 милји, односно преку 400 километри. Силата се пренесува преку електромотор кон предните тркала, а според Chrysler со брз полнач може да се добие автономија од 250 километри со помалку од 20 минути полнење.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.