full screen background image
Search

Фабриката Maserati Avv. Giovanni Agnelli го произведе 100.000-тиот автомобил од 2013

Официјално наречена Officine Maserati Grugliasco S.p.A., фабриката каде што Maserati ги произведува Ghibli и Quattroporte започна со работа во првата четвртина од 2013. За краткиот временски период од тогаш до сега, фабриката Grugliasco успеа да состави 100.000 возила.

Фабриката на Италијанскиот Тризабец го носи името на човекот кој го основа брендот Fiat во 1899 година и е поставена на местото каде порано се наоѓаше фабриката на Carrozzeria Bertone во која се изработуваа ремек дела од каросерии. 100 илјадитиот примерок е објавен на фотографијата погоре и е всушност Maserati Quattroporte GranSport во бела бојa, кој ќе патува кон неговиот нов сопственик во Народна Република Кина. Доколку живееа и ден денес, шестте Maserati браќа ќе беа навистина горди со повторната слава на нивната компанија.

Алфредо Алтавиља – главниот работен функционер на FCA групацијата за ЕМЕА регионот изјави дека шестата генерација на седанот на Maserati, развиена во Grugliasco, е најпродаваниот модел на Quattroporte за сите времиња. Алтавиља исто така додаде дека околу 70.000 примероци од Ghibli биле создадени во Grugliasco. Со други зборови, Ghibli стана најпродаваниот Maserati.

maserati-avv-giovanni-agnelli-plant-produces-100000th-car-since-2013-113447_1

Сепак, тоа се очекува да се смени со доаѓањето на Levante. Поради зголемениот интерес и побарувачка во сегментот на SUV возила, овој модел го има токму тоа што му треба за да ја одземе круната од Ghibli во скоро време. Споредено со седаните, кросоверот се произведува во близина во фабриката Fabbrica Italia Mirafiori S.p.A. покрај Alfa Romeo MiTo.

Моделите GranTurismo и GranCabrio, од друга страна, се прават во Modena во историското седиште на компанијата на Viale Ciro Menotti. Како најстар модел во гамата, GranTurismo ќе биде заменет во блиска иднина со целосно нов модел кој ќе го носи истото име. Не се знае дали Куќата на Тризабецот ќе успее да го претстави во 2017, но едно е сигурно: нема да биде лансиран порано од 2018.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.