Во Скопје започна со работа AGS BOSCH SERVICE центарот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Скопје започна со работа AGS BOSCH SERVICE центарот!

AGS BOSCH SERVICE е прв комплетен овластен сервис во доменот на автомобилската индустрија, кој се занимава со трговија со резервни делови и сервисирање на дизел компоненти во Македонија.

Сервисниот центар кој се наоѓа во населбата 11-ти Октомври во Скопје, е комплетно опремен и ги нуди следните услуги – тестирање и дијагностика, ултразвучно чистење на дизел компоненти, тестирање и сервисирање на дизел компоненти, како и интервенции и сервисни услуги директно на возилата во самиот сервис. Дијагностиката се извршува со оригинални уреди од Bosch, и тоа BOSCH KTS 540 и BOSCH KTS TRUCK, како и фабрички софтвер BOSCH ESItronic v2.0.

bosch-diesel-service2

 

Ултразвучното чистење на дизел компонентите се спроведува во ултразвучни кади со помош на специјално средство за чистење со ултразвук на температура од 60 степени и фрекфенција на ултразвук од 45 kHz. Може да се чистат механички дизни, пумпа-дизни, Common Rail инјектори и Common Rail пумпи. Секако, како дел од понудата се нуди и тестирање на дизел компоненти, а тестирањето се врши со најсовремена оригинална опрема и тест стол BOSCH EPS 815 и BOSCH EPS 100. За секое тестирање со BOSCH EPS815, клиентот добива официјален BOSCH извештај во печатена форма. Доколку има потреба, сервисот може да изврши и поправка на компонентите, а поправките се релизираат со оригинални резервни делови BOSCH и се користат најсовремени софистицирани алати за поправка кои се на ниво на фабричка репарација.

Во сегментот BOSCH оригинални резервни делови, клиентите добиваат артикли препознатливи по својот квалитет и висока купо-продажна соработка. On-line пристапот до залихата и малопродажната цена во магацините ќе им обезбеди сигурна и ефикасна понуда во мрежата од купувачи. Како дел од понудата, во AGS BOSCH SERVICE центарот ќе најдете свеќички, греачи, ламбда сонди, мерачи за проток на воздух, цела гама на сензори, системи за сопирање, како и осветлување, бришачи за ветробранско стакло, ремени, осигурувачи, релеа и алтернатори, делови од систем за палење како и комплетни системи за гориво.

Секогаш се радуваме кога професионален центар ќе стане дел од понудата на нашиот пазар, па им посакуваме многу среќа и успех во работата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.