Новата SEAT Ateca се закити со титулата Autobest 2017! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата SEAT Ateca се закити со титулата Autobest 2017!

SEAT Ateca беше изгласана за Autobest 2017,  а SMARTBEST наградата ја однесе Peugeot 3008 за новиот i-Cockpit ентериер!

SEAT Ateca беше изгласана за AUTOBEST 2017, новото признание за Best Buy Car of Europe 2017, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 1.672 бода, Ateca се избори за првото место со комфорни 72 бода предност пред Peugeot 3008. Toyota C-HR стана трета со вкупно 1.469 бода. Citroen C3 и Kia Niro следат во вкупното рангирање.

„Ова беше многу силна конкуренција и прво гласање остварено од 31-членото жири на AUTOBEST од исто толку европски земји. SEAT Ateca ги убеди членовите на жирито во сите погледи преземајќи го водството во вкупното рангирање. Ateca е доста убедливо изразување на SEAT-овиот ‘Created in Barcelona’ концепт, новата филозофија на марката воведена од шпанскиот производител. Во име на членовите на жирито и мое лично име, би сакал да им честитам на луѓето инволвирани во проектот. Исто така ми е задоволство и да му ја честитам на SEAT првата победа во историјата на AUTOBEST“ – рече Илиа Селиктар, претседателот на AUTOBEST жирито.

„За прв пат, 4 од 5 финалисти беа SUV/кросовери. Ова е јасен знак за тоа како AUTOBEST жирито се прилагодува на промените во сликата на европскиот пазар. Дополнително, два од финалистите се со хибридна технологија. И ова е исто така за прв пат во AUTOBEST, но сосема во согласност со времињата кога вратите се отвораат за хибридните технологии. Веруваме, поради проблемите со кои дизел технологијата се соочува на сé повеќе и повеќе европски пазари, дека хибридните технологии се во позиција да го преземат местото оставено од дизелите“ – изјави Дан Варди, основачот и претседател на AUTOBEST.

AUTOBEST жирито неодамна се прошири на 31 член, со пет нови земји членки: Данска, Германија, Финска, Малта и Швајцарија. На 29 септември 2016 година независното автомобилско AUTOBEST жири стана – според бројот на застапени држави – најголемото во светот.

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!

SMARTBEST 2016 е доделена на Peugeot i-Cockpit®. Peugeot 3008 SUV претставува 100% дигитален свет со својот нов Peugeot i-Cockpit®. 12,3-инчниот прилагодлив дигитален дисплеј заедно со самостојниот 8-инчен екран чувствителен на допир, компактниот управувач со вградени контроли и електричните контроли на автоматскиот менувач, сé е направено да се засили возачкото искуство.

SAFETYBEST 2016 наградата отиде кај EURO NCAP организацијата. Оваа награда е признание за извонредната активност на непрофитната организација посветена на безбедноста. Таа е признание за начинот на кој EURO NCAP успеа да ја задржи релевантноста на своите краш-тестови со текот на времето, еволуирајќи ги со најновиот развој и технологии на полето на безбедноста.

Алехандро Агаг, главниот извршен директор на Formula E Holdings е освојувач на SPORTBEST 2016. Во период кога електричните возила започнуваат да стануваат порелевантни на разни пазари, автомобилските натпреварувања ексклузивно посветени на електричните перформанси се природен развој. Но успехот на Formula E серијата е заслуга на Агаг. Тој ја направи оваа серија битна во светот на мотоспортот, каде мирисот на бензинот и заглушувачката бучава од моторите порано беа задолжителни. Formula E болидите можеби се потивки, но натпреварувањето не е ништо помалку возбудливо.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.