full screen background image
Search

Alfa Romeo и Jeep се јавуваат на должност во италијанската полиција!

Италијанската Plica di Stato доби засилување – и тоа во форма на Alfa Romeo Giulia Veloce, Giulietta и Jeep Renegade!

Италијанската Polizia di Stato е долгогодишен клиент на Alfao Romeo – уште во 1950-тите години тие имаа на располагање 1900Ti, па сосем е логично тие да добијат ново зајакнување, и тоа токму од Alfa Romeo.

Alfa Romeo донираше два примероци од новата Giulia Veloce – обата автомобили носат 2-литарски четири-цилиндерски турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили. Моќта се пренесува кон сите четири тркала, благодарение на што Giulia Veloce може да се „катапултира“ до 100 километри на час за само 4.9 секунди.

Дополнително, полициските сили добија и по еден примерок од Alfa Romeo Giulietta и Jeep Renegade, кои ќе заменат две дотрајани Lancia Delta возила. Под поклопецот, теренецот Renegade носи 2-литарски турбодизел кој нуди 120 коњски сили, како и погон на сите четири тркала. Giulietta-та носи 1.6-литарски турбодизел кој исто така испорачува 120 коњски сили.

Погледнете колку гордо се фалат Италијаните со своите нови автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.