Новата Giulia – седанот со кој Alfa Romeo сака да се врати на глобалната мапа – пристигна во Македонија!
Alfa Romeo има посебно место во срцето на секој вљубеник во автомобилите. Италијанскиот дизајн и немирниот карактер едноставно ги привлекуваат авто-ентузијастите, а новата Giulia може да го понуди тоа, но и многу, многу повеќе.
Понудата на мотори вклучува неколку турбо-бензинци и турбодизели. Турбодизелите се со зафатнина од 2.2 литри и се нудат во варијанта од 150, 180 или 210 коњски сили, додека турбо-бензинците се со зафатнина од 2 литри и нудат меѓу 200 и 280 коњски сили кај Veloce изведбата.
Секако, на врвот на понудата е Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio која благодарение на 2.9-литарскиот твин-турбо V6 има на располагање 510 коњски сили. Токму Giulia Quadrifoglio неодамна постави рекорд на Nurburgring! Цените за Alfa Romeo Giulia во Македонија започнуваат од 39.000 евра за верзија со 2.2-литарскиот турбодизел со 150 коњски сили. Giulia Quadrifoglio чини 90.000 евра.
Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност уште подобро да ја запознаеме Giulia, а во меѓувреме ве оставаме со овие неколку фотографии од изложените модели во салонот на Alfa Romeo во Скопје!