full screen background image
Search

Неделно Кино: Volkswagen се збогува со WRC – Светскиот Рели Шампионат!

Германскиот бренд преку возбудливо видео се збогува со своите рели фанови поради нивното ненадејно напуштање на WRC шампионатот.

Volkswagen го напушта светскиот рели шампионат откако со нивниот модел Polo WRC извојува 4 последователни титули во последните 4 успешни сезони. Во рамките на тие победи освои 625 од можни 940 етапни победи. Напуштањето се случува во најголем дел поради големите загуби кои ги предизвика скандалот со емисиите на издувни гасови, а кратењето на трошоците во моторспортот е очигледно неизбежно за брендот.

До следно видување во рели светот, збогум Volkswagen!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.