full screen background image
Search

Регулаторна: Вечерва поскапуваат горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки цени на горивата – бензините поскапуваат за 2.5, дизелот за 3 денари!

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 5.95%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 64.50, односно 66.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3.00 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 51.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.