full screen background image
Search

Дизајнерот на Bugatti Chiron оди во Genesis!

Genesis – луксузниот бренд на Hyundai – објави дека дизајнерот на Bugatti Chiron е новиот главен дизајнер во Global Genesis Advanced Studio во Европа!

Alexander Selipanov – познат и како Sasha Selipanov – ќе биде задолжен за новите модели на брендот и ќе биде директно под Luc Donckerwolke, главниот на Genesis Design. Selipanov, во чие портфолио влегуваат и Bugatti Vision Gran Turismo и секако Bugatti Chiron ќе започне да работи во Genesis од Јануари следната година.

„Искрено сум возбуден за оваа можност, бидејќи ќе биде ново поглавје во мојата кариера. Досега работев со добро-етаблирани брендови, но Genesis е нов и свеж предизвик за мене. Дополнително, почестен сум да му се придружам на ова возбудливо патување, бидејќи е навистина ретка можност да се учествува во лансирањето на луксузен автомобилски бренд и да се биде дел од неговата историја. Со растечките очекувања и љубопитност околу Genesis, не можам да дочекам да допринесам кон брендот со мојата експертиза и страст.“ – изјави Selipanov.

Младиот Selipanov има диплома за „Transportation Design“ од Колеџот за Уметност и Дизајн во Калифорнија, од каде му се придружи на тимот на Volkswagen во Германија. Тој има учествувано во дизајн-проекти за сите брендови на VW групацијата, а во 2010-та година му се придружи на Lamborghini каде учествуваше во дизајнирањето на Lamborghini Huracan. Сега тој ќе има несекојдневна можност да му се придружи на Donckerwolke (кој, да се потсетиме своевремено го дизајнираше и Lamborghini Murcielago) и да работи на развивањето на Genesis како независен, луксузен бренд.

Поврзано:   Hyundai iMax N е дрифт минибус со осум седишта и 402 коњски сили

Genesis announced the hiring of the ex-Bugatti designer Alexander Selipanov as their new Chief Designer at the Global Genesis Advanced Studio, located in Europe.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.