full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Другата страна на животот со Ferrari GTC4Lusso T!

Ferrari објави промотивно видео со кое нуди нова перспектива кон животот со суперавтомобилот GTC4Lusso T и неговиот V8 турбо агрегат.

3.9-литарскиот турбо-полнет мотор и луксузниот ентериер заедно со четирите седишта овој модел го прават „најнормален“ модел во гамата кој може да се вози секојдневно во најразлични прилики. Суперавтомобилот GTC4Lusso Т располага со 602 кс и 760 Nm вртежен момент, благодарение на кои може да забрза од место до 100 км/ч за само 3.5 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 320 км/ч.

Ова се навистина врвни перфоманси, а кога ќе се комбинираат со неговата просечна потрошувачка од 11.6 литри на 100 километри, слободно би можеле да кажеме дека покрај суперавтомобилите, GTC4Lusso T може лесно да ги замени и останатите градски и луксузни автомобили.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.