Утринска Гимнастика: Дрифт во напуштена Советска база во Латвија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Дрифт во напуштена Советска база во Латвија!

Верувале или не, највозбудливото дрифт видео за годинава ни доаѓа од Латвиjа, поточно од напуштена Советска база за ракети со споменик од Ленин.

Во главните улоги имаме Adidas тренерки и тројца дрифтери: Рајан Турк позади воланот на BMW E92 M3 V8 со 800 кс, Кристапс Блус со BMW Е46 М3 со 950 кс и Мет Пауерс со твин-турбо V8 Nissan 350Z. Со своите вештини, тројцата возачи ги водат „дивите“ автомобили низ базата како тигри кои го бркаат својот плен низ џунглата. Видеото изобилува со одлични кадри и ефекти, а дозата на „Slavic“ стил го прави да биде уште поинтересно!

Погледнете го и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.