full screen background image
Search

Наследникот на Volkswagen CC ќе се вика Arteon!

Популарниот купе-седан на Volkswagen – одличниот CC – заминува во пензија. Негов заменик ќе биде Arteon, кој за прв пат го гледаме на скица!

Arteon ќе биде претставен на Саемот на Автомобили во Женева следната година, и во хиерархијата на Volkswagen ќе биде поставен над Passat. Volkswagen веќе го најави наследникот на CC со Sport Coupe Concept кој го претстави минатата година.

vw-arteon-sketch

Според она што го кажуваат од Volkswagen, Arteon ќе има широка маска и тродимензионални светла со кои ќе „ги истакне агресивниот дизајн и ќе демонстрира доминантност.“ Ќе има врати без рамки и петта врата – слично како кај Audi A7  и Skoda Superb, а тоа ќе го направи еден од најпрактичните модели на пазарот. Останува да почекаме и да видиме како ќе изгледа Arteon, но дизајнерот од Volkswagen Tobias Sühlmann ветува дека „при првиот контакт, Arteon изнудува ентузијазам низ експресивниот дизајн, а потоа изненадува со практичните вредности.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.