full screen background image
Search

Регулаторна: Од вечерва се намалуваат цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути ги објави новите цени на горивата – од вечерва цените на бензините и дизелот се намалуваат за 3 денари!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 6.60 проценти.

Поточно, тоа значи дека цените на бензините се намалуваат за 3 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 60.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 62.00 денари.

Цената на дизел горивото исто така се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 47 денари.

Како што напоменавме, цените на горивата се менуваат вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.