full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Bugatti Chiron во Долината на Смртта!

Со Chiron, Bugatti ја продолжува мисијата која ја започна со неповторливиот Veyron – погледнете како се тестираше новиот хипер-автомобил во екстремените температури на Долината на Смртта!

Долината на Смртта е во источна Калифорнија – и ако тоа не ви звучи екстремно, имајте во предвид дека таму температурите достигнуваат 51.5 степени Целзиусови – а тоа е доволно топло за инженерите од Bugatti да бидат сигурни дека Chiron ќе ги издржи и најекстремните услови. Според Bugatti, процесот за развивање и тестирање на Chiron е најекстензивниот досега, а кога во еден прилично компактен автомобил се вградува 8-литарски W16 со четири турбо-полначи кој испорачува 1500 коњски сили, ладењето мора да биде идеално.

Погледнете!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.