Ford го бара сопственикот на најстаратa Fiesta во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го бара сопственикот на најстаратa Fiesta во Македонија!

Нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс организираат „потрага“ по најстарата Ford Fiesta во Република Македонија по повод одбележување на 40-тиот роденден на популарниот хечбек!

Со кампањата „Трагаме по сопственикот на најстарата Ford Fiesta“ се повикува секој што поседува Fiesta да се пријави на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс, каде ќе остави основни податоци (име и презиме), за возилото (година на производство и фотографија). За да се пријават, учесниците ќе треба да постираат фотографија од својата Fiesta на Facebook-страницата на Ford Macedonia. Секој учесник ќе добие симболична награда, а за најстариот автомобил се подготвува специјално изненадување!

fiesta-generations2

„Откако ќе го пронајдеме сопственикот на најстарата Fiesta во Република Македонија, победникот ќе добие целокупен третман за возилото и други подароци. Сакаме да го најдеме овој сопственик и да го презентираме возилото пред македонската јавност, затоа што тој/таа е човекот кој ја сочувал историјата на Ford Fiesta на овие простори и сè уште се грижи за ова возило“ – вели Предраг Николовски, маркетинг менаџер во Ми-Да Гранд Моторс.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta“, преку организирање на кампањата СЛАВИМЕ FIESTA! Fiesta досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.

Дали сте сопственик на Fiesta, или пак можеби ја имате најстарата Fiesta во Македонија? Пријавете се!

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.