Погледнете како Vesa Kivimäki поставува светски брзински рекорд на две тркала – и тоа странично – со BMW 330d!
Возачот е Vesa Kivimäki – професионален возач од Финска. Возилото е BMW 330d, а пневматиците се на Nokian. Рекордот е 186.269 километри на час, на две тркала, странично!
Инженерите на Nokian ги направија овие гуми специјално за оваа намена. Тие се дополнително зајакнати со Aramid Sidewall технологијата на Nokian, кои ги прават поотпорни на трошење и засекување. „И порано имав обиди да го соборам рекордот за најбрз автомобил на две тркала“ – изјави Vesa Kivimäki – „но конечно разбрав дека потребни ми се специјални пневматици кои се исклучително издржливи. Соработката со Nokian Tyres и Vianor ми овозможи да го соборам рекордот.“
Како изгледа тоа? Погледнете!