Mercedes-Benz внесува луксуз во пикап сегментот со X-Class Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz внесува луксуз во пикап сегментот со X-Class Concept

Mercedes-Benz гледа недостаток од премиум модели во пикап сегментот, а за да ја пополни таа празнина го создаде новиот X-Class Concept, претставен во две верзии.

Идејата позади X-Class е комбинирањето на традиционалната искористливост на камионет со луксузниот карактер на брендот. Концептот е претставен во две верзии – едната од нив го потенционира стилот на возилото, додека другата ја истакнува неговата теренска способност.

Дизајнот користи стилски елементи од останатиот дел од гамата на SUV модели на Mercedes, и ги адаптира и ги прилагодува на новата форма. На предниот дел доминираат огромните отвори за воздух и масивната ѕвезда, а набабрените странични крила кои вдомуваат 22 инчни тркала му даваат дополнителна доза на мускулест изглед. Во задниот дел доминираат задните светла кои се споени во светлечка лента во форма на правоаголник со заоблени рабови кај едната изведба, додека кај другата тука се наоѓа функционална решетка. Теренските способности исто така се подобрени брагодарение на масивните теренски тркала и дополнителните пластични додатоци на праговите, полумесеците и предниот браник, каде се наоѓа и сајла за извлекување.

mb-x-xlass-13

Германскиот бренд не објави многу детали за X-Class Concept, но се споменуваат информации дека моделот е базиран на Nissan Navara. Овие изведби користат дизелски V6 агрегат со 4Matic погон на сите тркала, пренос за теренско возење и диференцијали со заклучување на двете оски. Возилото е направено да може да носи товар од 1.1 тон во задниот товарен простор и да може да влече 3.5 тони.

Како автомобил кој треба исто така да превезува и фамилии безбедноста е од високо значење, па Mercedes го опреми со мнозина сензори кои ќе му помогнат на возачот со најновите асистирачки системи. За производство на сериската изведба од овој концепт, која се очекува да биде лансирана во Европа до крајот на 2017 Mercedes ќе соработува со Renault-Nissan алијансата. Фабриката на Nissan во Барселона, Шпанија, ќе ги произведува примероците за Европа, Австралија и Јужна Африка.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Електричниот Mercedes-Benz G-Class го има сиот вртежен момент на светот!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.