full screen background image
Search

Регулаторна ги објави новите цени на горивата – од вечерва горивата поскапуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поскапи горива.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат во просек за 6.93 проценти. Преведено во денари, тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 поскапува за 1.50 денари, ЕУРОСУПЕР-98 за 2 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63.00 односно 65.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2 денари, и еден литар дизел ќе чини 50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.