full screen background image
Search

Монструозен тјунинг од Aspec за Volkswagen Scirocco R

Кинеската тјунерска компанија Aspec создаде уникатен широк бодикит за Volkswagen Scirocco R и значително ги подобри неговите перформанси.

Сегашната генерација на Volkswagen Scirocco е при крајот на нејзиното производство, но атрактивниот дизајн ја прави сеуште посакувана од купувачите. Тјунерот Aspec претстави бодикит, кој го прави дизајнот на Scirocco уште поагресивен.

На предниот дел се забележува поагресивен преден браник со големи отвори за воздух и нов поклопец на моторот со отвори за вентилација. Трагот на тркалата е проширен за 50 милиметри напред и 70 милиметри позади благодарение на  пошироките додатоци на страничните крила. Тука се и поголеми странични крила, помеѓу нив. Во задниот дел доминира масивниот заден дифузер, вметнат во новиот заден браник со странични отвори за воздух и четири издувни цевки, а на кровот е монтиран огромен заден спојлер.

Aspec ги нуди деловите направени од јаглеродни влакна или фиберглас и истите ги нуди за фејслифтираната изведба и оргиналната. Тјунерот вели дека идејата за дизајнот на бодикитот ја добил од неговото искуство во Кинескиот Touring Car Championship и натпреварувачките возила.

Компанијата исто така нуди засилување на агрегатот од стандардните 220 кс на 430 кс, но не објави детали за модификациите кои би ја зголемиле силата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.