full screen background image
Search

Париз 2016: BMW Concept X2 – Визија за мал, урбан, премиум SUV!

Со новиот Concept X2, баварскиот производител најавува X2 модел базиран на новиот X1 од втората генерација.

Adrian van Hoydoonk го опишува Concept X2 како „возило за активни луѓе кои бараат комбинација од уживање и практичност.“ Веднаш се забележува новиот дизајнерски јазик кој го издвојува Concept X2 од тековните SUV и кросовер модели на брендот – предните „бубрези“ на BMW се широки и моќни, а околу нив се поставени ласерски предни светла со интересна и модерна графика. Нам особено ни се допаѓа страничната линија на концептот, но и логото поставено на Ц-столбот.

Концептот е поставен на големи, 21-инчни тркала, се забележуваат пластични заштитни панели, и на концептот нема рачки на вратите. Сигурни сме дека многу од овие детали ќе бидат изгубени кога концептот ќе премине во сериско производство, но сепак мораме да признаеме дека изгледа интересно. Серискиот модел ќе биде базиран на платформата на X1, и со него ќе ги дели бензинските и турбодизел мотори. Стандардно ќе се нуди со погон на предните тркала, а по нарачка ќе може да се добие и погон на сите четири тркала во форма на xDrive системот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.