Денес ќе се одржи првиот скопски Distinguished Gentleman’s Ride – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Денес ќе се одржи првиот скопски Distinguished Gentleman’s Ride

Годинава и Скопје за прв пат ќе биде дел од глобалниот хуманитарен настан – Distinguished Gentleman’s Ride!

Оваа година, за прв пат Скопје ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ кое е единствено од овој тип и се одржува на иста дата со иста причина во повеќе од 500 градови во светот.

За поддршка на каузата, која е собирање средства и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, повеќе од 60 моторциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба ќе продефилираат низ централните скопски улици. Главен акцент на настанот е префинетиот вкус во модата и уникатност на моторциклите, со што ќе се навратиме наназад во ерата кога естетиката и деталите биле многу повеќе присутни и ценети од денес.

dgr4

The Distinguished Gentleman’s Ride е основан во 2012 година од Mark Hawwa во Сиднеј, Австралија и како свое лого има џентлмен со луле и монокл облечен во најфин машки костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипите за моторциклисти, да се покаже друштвената нота и собирот на мотоциклисти како позитивно нешто.

Првиот настан успеал да обедини 2500 мотоциклисти во 64 града, што било причина Mark истиот да го искорити во хумнитарни цели,воедно подигајќи ја свеста кај мажите за сопственото здравје. Доказ за тоа дека истиот е глобално прифатен се и самите бројки за настаните во годините по првата организација до денес:

  • 2013 година повеќе од 11000 мотоциклисти во 145 града и собрани донации од 277.000$ за истражувања на рак на простатата.
  • 2014 година повеќе од 20.000 учесници во 257 града и 58 држави и собрани 1.5 милиони долари за истражувања на рак на простатата.
  • 2015 година повеќе од 37.000 учесници во 410 градови и 79 држави со собрани 2.3 милиони долари за истражувања на рак на простатата.

unspecified4

Оваа година до моментов се регистрирани 50,000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави и како што споменавме Скопје е еден од тие градови каде што до моментов се 67 учесници и собрани донации од околу 1000$, што е една од најдобрите организации во регионот.

Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите. Фондацијата од 2003 година до денес брои милиони членови и собрани повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите, како и превенција од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе се социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести, со што глобално би се зголемила свеста, како и превенцијата на истите.

dgr2

Од организацијата најавуваат дека ги очекуваат на 25ти Септември во 13 часот во Тренд Гастро Бар во населба Аеродром заедно да ја испратиме оваа глобална порака и да ја подигнеме свеста за здравјето на мажите на еден поинаков и префинет мото настан.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.