full screen background image
Search

Гламурозно отворен новиот ексклузивен салон на Porsche во Скопје!

Синоќа Скопје доби нешто ново и навистина интересно – за прв пат во Македонија имаме официјален и ексклузивен салон на Porsche!

Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот Porsche. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите.

porsche-salon-skopje1

Перформансите што ги нуди Порше Центар Скопје синоќа пред гостите беа претставени со ексклузивни 3D проекции. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, обраќајќи им се на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од Порше Холдинг Салцбург и Порше АГ Штудгарт.

porsche-salon-skopje4

Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом. Место кое ќе ве предизвика, возбуди, инспирира, совршен амбиент во безвременскиот стил и дух на Порше. Со тоа, Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија“ – истакна господинот Муцунски.

Поврзано:   Porsche го зголеми уделот во Rimac Automobili на 24 проценти

Маркус Екерман, генерален менаџер на Порше за Централна и Источна Европа потенцираше дека Porsche остварува резултати подобро од кога било и го изрази задоволството што брендот ќе биде претставен во Македонија со салон кој ќе нуди целосна услуга.

„Porsche поставува нови рекорди според бројот на продадени автомобили и започнува ново поглавје во историјата на спортски автомобили со електричен погон. Porche Mission E ќе биде достапен на крајот од ова декада. Се тоа ќе имаме огромни резултати и влијание на светските пазари, како и на македонскиот пазар. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери – Порше Македонија и Порше Холдинг Салцбург за нивната посветеност, а на сите вработени во Порше Скопје им посакувам многу среќа и успех.“ – изјави господинот Екерман.

porsche-salon-skopje3

Ален Фавеј, извршен директор на Порше Холдинг Салцбург, истакна дека холдингот со кој раководи денес е најголемата автомобилска продажна компанија во Европа, присутна во 22 земји на стариот континент, а исто така и во Кина, Јужна Америка и Малезија. Порше Холдинг ги претставува брендовите на групацијата Volkswagen, во големопродажба, малопродажба и во финансиски услуги.

porsche-salon-skopje2

„Концентрирани сме на задоволството на нашите потрошувачи при искуството со нашите автомобили, во продажбата и пост-продажбата. Да имаат најдобра можна услуга во секој сегмент од нивното искуство. Овие постојани напори низ годините нѐ доведоа до денешниот момент кога имаме можност, на наше огромно задоволство, да го најавиме отворањето на најновиот салон на Порше во Скопје. Сигурни сме дека со оваа инвестиција во прекрасно здание, ќе можеме да им понудиме најдобро искуство на клиентите на Порше во Македонија“ – изјави господинот Фавеј.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche официјално го претстави електричниот Taycan Cross Turismo!

Им посакуваме многу успех и среќа со новиот салон, и среќни сме што конечно имаме салон на Porsche и кај нас!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.