full screen background image
Search

Audi TT S Line Competition – За оние кои сакаат малку понагласен спортски карактер!

Луѓето од Audi подготвија специјална верзија на популарниот TT – се вика S Line Competition и доаѓа со низа доработки кои го истакнуваат спортскиот карактер на купето и кабриолетот од Инголштад!

Audi TT S Line Competition ќе може да се добие во комбинација со 2-литарскиот TFSI турбо-бензинец кој испорачува 230 коњски сили. Купувачите ќе можат да изберат меѓу погон на предните или quattro погон на сите четири тркала, а ќе можат да одберат и меѓу 6-степен мануелен и S-Tronic менувач со двојна спојка.

TT S Line Competition е 10 милиметри поблиску до подлогата и има преработена и поцврста суспензија. Стандардно во пакетот доаѓа Audi Drive Select со неколку режими на работа – Auto, Comfrot, Dynamic, Efficient и Individual. Специјалната верзија ќе ја препознаете преку сјајно-црниот преден дифузер, страничните ретровизори и задниот спојлер. Завршетоците на издувниот систем се хромирани во темна боја, а големите 19-инчни фелни кријат шепи за сопирачките во црвена боја. Автомобилот ќе може да се нарача во Glacier White, Nano Gray, Tango Red и новата Ara Blue бои.

Во ентериерот TT S Line Competition добива S спортски седишта, управувач со зарамнето дно, Audi Virual Cockpit дисплеј, комбинација од кожа и алкантара, сиви детали на конзолата – и сето тоа без доплата. Продажбата ќе започне на крајот на оваа година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.