full screen background image
Search

Peugeot во Париз ќе претстави 3008 со i-Cockpit во соработка со TomTom

TomTom е еден од најпознатите светски производители на уреди за навигација, и токму TomTom е партнерот кој Peugeot го одбра за да ја претстави следната генерација на i-Cockpit кабината во Париз!

Новиот i-Cockpit доаѓа со 8-инчен дисплеј чувствителен на допир, но и голем, 12-инчен панел со инструменти. Токму со овој систем, TomTom сака да ја покаже модуларноста на своите компоненти кои можат истовремено да функционираат и на двата екрани.

peugeot-i-cockpit-tomtom2

Новиот 3008 на францускиот производител е моделот кај кој ќе ја има својата премиера новиот i-Cockpit. Продажбата ќе започне кон крајот на оваа година, а луѓето од TomTom се горди на соработката со Peugeot:

„Ние од TomTom сме горди што сме дел од привлечниот нов Peugeot i-Cockpit.“ – изјави управникот на компанијата Antoine Saucier и додаде – „Ова партнерство е допонителен доказ дека NavKit платформата на TomTom која е лесна за интеграција им овозможува на производителите на автомобили да развијат уникатни системи кои ги исполнуваат очекувањата на денешните, но и на идните купувачи.“

peugeot-i-cockpit-tomtom3

Системот овозможува „соработка“ меѓу двата екрани во i-Cockpit – возачот може да пренесе информации околу навигацијата директно на head-up дисплејот, а тродимензионален приказ и знаменитости ќе бидат прикажани на 12-инчниот панел поставен пред возачот, односно зад управувачот. Дополнително, мултимедијалниот уред овозможува гласовни команди, за полесно манипулирање со функционалностите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.