Големиот и луксузен Volvo S90 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Големиот и луксузен Volvo S90 пристигна во Македонија!

Благодарение на импортерот на Volvo за Македонија – Ми Да Моторс – големиот и луксузен скандинавски седан денес ја имаше својата македонска премиера!

Најновиот седан Volvo S90, со својата елеганција и префинет изглед, денеска, беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, кои се стандарди одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90.

volvo-s90-skopje-wheel

Како и неговите „браќа“ – XC90 и V90, новата S90-ка, гордо го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно со класичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна.

volvo-s90-skopje2

Овој автомобил ќе го возат личности кои имаат контрола врз својот живот, ја отсликува нивната професионална и лична состојба и овозможува безбедно возење со паметната технологија. Од Ми-Да Моторс велат „Ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со „океј“, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“.
Благодарение на новата технологија „Volvo Connectivity“ сите нови возила веќе се поврзани. Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир кој ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самата кола, како што се програмите за слушање музика Spotify, Pandora, Baidu или TuneIn. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до плеада функции и карактеристики.

volvo-s90-skopje4

Новиот S90 е придвужуван од новите Drive-E мотори кои се нудат во бензинска, дизел и плаг-ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач. Електричните мотори овозможуваат автономија до 45км на електричен режим додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 кс.

Поврзано:   Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор

el-patron

Водството на Volvo на полето на автономни возила уште повеќе е потврдено со S90. Додадена е и функционалност за автоматско управување, наречена Run Off Road Mitigation, која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола. Сити Сејфти (City Safety) технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судир за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно.

volvo-s90-skopje3

Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен Интелисејф (IntelliSafe), опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство на Volvo на полето за автономно возење. S90-ката нуди полу-автономно возење со Pilot Assist, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час. Pilot Assist е уште еден чекор кон визијата на Volvo според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvo до 2020 година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.