full screen background image
Search

Регулаторна: Минимално намалување на цената на бензините

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва поевтинува бензинот со 98 октани!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат за 0.47 проценти.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата не се менуваат, и овие горива ќе продолжат да чинат 62 односно 48 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 0.5 денари, и еден литар ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.