Ова е новиот Европски Honda Civic хечбек! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е новиот Европски Honda Civic хечбек!

Honda ја претстави сериската изведба од новиот Honda Civic, две седмици пред нејзината светска премиера на автомобилскиот саем во Париз.

Како што може да се види, новата генерација го има задржано дизајнерскиот јазик и делува како еволуција на претходниот модел, но сега се одликува со подинамична и поиздолжена форма, додека целиот дизајн е за неколку нивоа поагресивен. Најголемата разлика е во ентериерот, кој за разлика од предходните две генерации, сега е поедноставен со помалку копчиња и располага со дигитална инструмент табла.

Новиот Civic се протега во должина од 4,497mm, ширина од 1,800mm и височина од 1,421mm, што значи дека е 127mm подолг, 30mm поширок и 20mm понизок од претходната генерација. Исто така е поставен на 30mm подолго меѓуоскино растојание, а тежи 16 килограми помалку од неговиот претходник. Honda ветува поголем простор за колената и рамената на патниците, како и багажен простор од 478 литри.

awfaf

Единствените видливи разлики помеѓу Европскиот и Северно Американскиот модел се безбојните странични трепкачи. На најстариот континент новиот Civic ќе биде достапен со два турбо-бензински агрегати: 1.0-литарски три-цилиндарски мотор со 127 кс и 1.5-литарски четири-цилиндарски мотор со 180 кс, кои ќе ги погонуваат предните тркала преку стандарден шест-степен мануелен или опционален CVT автоматски менувач. Во втората половина од 2017 во гамата ќе се придружи и надградена верзија од 1.6-литарскиот турбо-дизел со 118 кс.

Во текот на наредната година се очекува да биде лансиран и спортски Civic Type R модел со 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат со повеќе од 300 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.