Цела флота на луксузни Volvo возила пристигна во Скопје – и скоро целата гама на Volvo ќе биде достапна за тест возења, а ние ќе се дружиме со нешто несекојдневно, сино и многу моќно!
Македонскиот увозник за возилата на Volvo – Ми Да Моторс – најавува можност да ги пробате и подобро да се запознаете со моделите на шведскиот бренд. Автомобилите ќе бидат поставени пред Сити Мол овој Вторник, од 13 до 19 часот – и сите ќе имаат можност да учествуваат во Road Show на Volvo!
Достапни за возење се неколку примероци на новиот и луксузен S90, хибридниот XC 90 T8 (кој ние веќе имавме можност да го возиме), несекојдневен (и моќен!) S60 Polestar, а секако тука се и XC 60, V40 Cross Country и уште неколку автомобили. Инсистираме да поминете и подобро да ги погледнете и да ги запознаете моделите на Volvo – повеќе информации можете да добиете тука. Се гледаме во вторник!
Фотографија: Дејан Маликовски