full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот Honda Civic!

Honda ги објави првите официјални фотографии од новиот Civic – продажбата започнува оваа година во САД, а во Европа доаѓа на почетокот на 2017!

Сега за сега имаме ограничени информации околу механизацијата, но имаме неколку фотографии од новиот јапонски хечбек. Новата генерација ќе биде лансирата во САД кон крајот на оваа година, а продажбата на стариот континент ќе започне на почетокот на следната.

2017 Honda Civic Hatchback

2017 Honda Civic Hatchback

Она што го знаеме е дека во САД ќе се нуди со 1.5-литарски турбо-бензинец кој ќе нуди меѓу 170 и 180 коњски сили. Европските купувачи ќе можат да го нарачаат Civic со истиот 1.5-литарски бензинец, а во игра ќе биде и 1-литарски турбо-бензинец и 1.6-литарски турбодизел. На Honda одамна и треба малку поширока гама на мотори кај Civic, особено на пребирливиот европски пазар.

2017 Honda Civic Hatchback

2017 Honda Civic Hatchback

Според најавеното, ќе има и ситни визуелни разлики меѓу европскиот и американскиот Civic. Европската изведба ќе биде прикажана на саемот на автомобили во Париз во Септември, но сепак очекуваме автомобилите да бидат слични. Веќе е најавен и новиот Civic Type-R кој ќе биде лансиран во Америка следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.