Infiniti го претстави првиот мотор со варијабилна компресија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Infiniti го претстави првиот мотор со варијабилна компресија

Луксузниот огранок на Renault-Nissan алијансата во Париз ќе го претстави првиот мотор со варијабилна компресија во цилиндрите – мотор кој истовремено е најнапредниот мотор со внатрешно согорување и потенцијално го најавува крајот на дизел моторите.

Моторот ја носи ознаката VC-T, а Infiniti работи на него од 1998-ма година! Дебито на овој мотор ќе биде во 2018 во моделот GX80, а 2-литарскиот турбо-бензинец испорачува 270 коњски сили и 390 Nm вртежен момент. Со оглед на перформансите, од Infiniti кажуваат дека новиот мотор е подготвен да го замени посточекиот 3.5-литарски V6 на компанијата, а истовремено е 27 проценти поекономичен од обичен бензински мотор.

infiniti-vc-t-engine2

Во суштина, технологијата на VC-T моторот му овозможува да ја зголемува и намалува висината која секој клип во цилиндрите ја достигнува – а тоа значи дека моторот може во реално време да ја менува својата зафатнина и компресијата. Компресијата може да биде од 8:1 кога од моторот се бараат високи перформанси, или 14:1 за максимална економичност. Истовремено, моторот е полесен и покомпактен од сличен четири-цилиндерски мотор.

Прашањето кое сега се поставува е – дали навистина со овој мотор, Infiniti ќе понуди алтернатива на економичноста на дизел моторите? Останува да почекаме и да видиме какви ќе бидат перформансите и потрошувачката во реални услови – но со оглед на ветувањата, воопшто не би биле изненадени ако новиот мотор на Infiniti навистина понуди идеална комбинација од перформанси и економичност.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.