full screen background image
Search

The Grand Tour ќе дебитира на 18ти Ноември на Amazon Prime

Новата емисија на Џереми Кларксон, Џејмс Меј и Ричард Хамонд ќе ја објави првата епизода на 18ти Ноември, додека другите епизоди ќе се емитуваат секој нареден петок на Amazon Prime.

Со цел да не загреат за новото шоу, тие објавија 30 секунди долга најава за возбудливите авантури кои можеме да ги очекуваме. Со сигурност една од главните споредби ќе биде тробојот меѓу Ferrari LaFerrari, Porsche 918 Spyder и McLaren P1, снимен на тркачката патека Портимао при крајот на минатата година.

Иако информациите се ограничени, знаеме дека во една од епизодите Кларксон ќе упадне на еден сет во текот на снимањето на познатата серија Game of Thrones, како дел од предизвик сниман на Барбадос. Покрај предизвицитe снимени околу светот, The Grand TOur ќе вклучува сегменти од студио, снимени во голем пренослив шатор кој ќе биде сместен на различна локација секоја епизода.

Првата епизода ќе биде долга 70 минути, а од она што можеме да го видиме во најавата, веруваме дека ова ќе биде уште подобра еволуција од досегашниот Top Gear.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.