full screen background image
Search

Volvo го подготвува претставувањето на V90 Cross Country

Шведскиот производител ја подготвува поробустната, Cross Country изведба на големиот и луксузен караван V90!

Volvo ја продолжува играта на откривање на новиот V90 Cross Country. Како што и може да се очекува, големиот караван со теренски амбиции ќе изгледа слично како и стандардниот модел, но со редизајнирани преден и заден дел кои ќе носат заштитни панели, како и дополнителни заштитни странични прагови – а сето тоа ќе резултира со поробустен дизајн. Секако, неизбежна е и дискретно повисоката суспензија која ќе му даде на луксузниот караван малку теренски кредибилитет.

Во однос на погонските единици, се очекува дека V90 Cross Country ќе ги носи истите мотори како и S90 и V90 – но се шпекулира дека сите изведби на V90 Cross Country ќе бидат со погон на сите четири тркала. Претставувањето е закажано за само неколку дена – секако први ќе ги ви ги пренесеме сите информации!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.