full screen background image
Search

Mercedes-AMG го најавува отворениот AMG GT C!

Mercedes-Benz и AMG-дивизијата ја најавуваат долго-очекуваната кабриолет изведба на одличниот AMG GT – кој најверојатно ќе се вика едноставно – AMG GT C!

Сега за сега немаме никакви информации  – всушност, сè што имаме е ова кратко видео каде германскиот производител ја открива силуетата на новиот роудстер. Супер-спортскиот кабриолет ќе ја прошири „отворената“ гама на Mercedes-Benz во која веќе членуваат SLC (порано се викаше SLK), легендарниот SL, кабриолет-изведбите нa C и E-класите, како и големиот S-Class Cabriolet.

Под поклопецот би очекувале да го најдеме истиот 4-литарски твин-турбо V8 кој ќе испорачува околу 500 коњски сили. Повеќе од доволно за спортско уживање под отворено небо, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.