full screen background image
Search

Lexus најавува нов несекојдневен урбан SUV со UX концептот

Lexus стана препознатлив по своите несекојдневни, дури провокативни дизајни – и токму во таа насока ја продолжува својата приказна со UX концептот кој го најавува за саемот на автомобили во Париз.

Иако многумина реагираат негативно кон дизајните на Lexus, сепак мораме да признаеме дека со својата контраверзност тие го издигнаа брендот на едно досега недостижно ниво, а и резултатите од продажбата говорат за позитивниот ефект од несекојдневната дизајнерска насока на луксузниот огранок на Toyota.

Сега за сега не знаеме ништо за UX, освен за тоа дека е дизајниран во ED2 – европскиот дизајнерски центар на Lexus – и дека неговата цел е да ја наговести дизајнерската насока на Lexus во иднина.

Според она што го кажуваат од Lexus „силно издвоениот идентитет е наменет да привлече прогресивна, урбана публика која живее во поврзана околина. UX концептот прикажува креативни технологии за сèопфатно возачко искуство, а ентериерот ги спојува традиционалната изработка и хај-тек производствените техники.“ Премиерата е закажана за 29ти овој месец, останува да бидеме трпеливи!

 

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.