full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BMW ја најавува новата Серија 5!

Баварците ја најавуваат новата Серија 5 – и сосем е можно новиот седан на BMW да го видиме на саемот на автомобили во Париз!

На краткото видео нема да видите многу – ќе ја видите силуетата на новата Серија 5 и редизајнираниот заден дел. Нема да се изненадиме ако ја видиме новата 5-ка во Париз, но некои познавачи сугерираат дека BMW ќе ја чува премиерата за саемот на автомобили во Детроит кој треба да се одржи во Јануари.

Веќе знаеме дека новата 5-ка ќе биде базирана на CLAR платформата на BMW. Новата платформа на Баварците користи алуминиум, карбон и челик со висока цврстина, па се очекува дека новата генерација ќе биде до 80 килограми полесна од тековната. Се очекуваат мотори со четири и шест цилиндри, а знаменосецот – моќниот М5 ќе користи 4.4-литарски твин-турбо V8. Секако, во тек со трендовите, ќе добиеме и хибридна варијанта, како и турбодизел со електриќни турбополначи.

Се очекуваат и технологии кои се веќе претставени кај Серијата 7, а меѓу нив ги вбројуваме и ласерските предни светла и грст технологии за автономно возење. Наскоро ќе знаеме повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.